#15 Ненадејна љубов

Ненадејна љубов

Мене не ми требаат 20 секунди
на залудувачка храброст
за да го кажам она
што ќе го обликува
остатокот од мојот живот.

Мене ми требаат само 4 збора
кои од мене ќе излетаат
уште пред да успеам да ги помислам;
сосем природно и долгоочекувано,
небаре се родиле во моментот на мое зачнување,
а сега излегуваат да ја исполнат својата животна цел,
својата врвна жртва.

„Сакам сѐ со тебе“

Сакам сѐ што
мојата љубов може да го почувствува, и
сѐ она на кое
мојата радост може да се насмевне.

Сѐ под сонцето
и сѐ под ѕвездите,
но ништо,
ништо без тебе.

Leave a comment